Хотел „Кратис“ Кратово – е нов угостителски објект во туристичката мапа на Република Македонија. Се наоѓа во центарот на градот Кратово прочуен како град на кулите и мостовите.
Кратово претставува идеално место излез од секојдневието и уживање во опуштена атмосвера како и за запознавање на типичната староградска македонска архитектура преку организирани прошетки и посета на локалните знаменитости со културно историско значење.
Хотел Кратис претставува спој на традиционалното со модерното, спој на руралното со урбаното, спој на квалитетот со професионализмот!
Повелете, посетете не!